Спалети остана без ѕвезда на Јувентус пред мечот против Македонија

Италија на 17 ноември ќе ја пречека Македонија, а селекторот Лучано Спалети дозна лоши вести пред натпреварот од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Фудбалерот на Јувентус, Мануел Локатели се пожалил на повреда, а по медицинските прегледи било констатирано дека не може да настапи против Македонија.

„Локатели го испративме дома затоа што беше повреден. Докторот ќе ви каже каков проблем има поточно“, потврди Спалети во разговор со новинарите.

Италија во моментов се наоѓа на третата позиција во групата Ц со 10 бодови, односно три помалку од Украина и шест од Англија. Македонија е четврта со седум, а Малта е последна без освоен бод.