Словенија ја урна дружината на Халанд, па ѝ отвори шанса на Србија (ВИДЕО)

Словенија ѝ го нанесе првиот пораз на Норвешка и вечерва победи со 2-1 во претпоследното коло во Лигата на нациите, но и да направи чекор поблизу во опстанокот во Б-дивизијата во ова натпреварување.

Норвешка остана на 10 бода и на првото место без оглед на поразот, но и на курсот кон пласман во елитната А-дивизија, ама сега Србија добива шанса во завршницата да ги претекне, особено што имаат меѓусебен дуел во последното коло. Србија вечерва игра против Шведска, на која пак ѝ гори под нозе зашто сега е последна и бодовите ѝ се неопходни за да не испадне во Ц-дивизијата.

Најголемиот словенечки талент Бенјамин Шешко, фудбалерот на Ред Бул Салцбург беше херој и тоа во пресвртот, откако ерлинг Браут Халанд по само две минути во вториот дел донесе водство за Норвешка, но Шешко прво со асистенција за Андраж Шорар во 69-та, а потоа со гол во 81-та минута го сврте мечот во корист на Словенија и обезбеди три бода.

Северна Ирска го победи Косово со 2-1, слично на Словенија, со пресврт за да му избега на Кипар на три бода во битката за опстанокот во Ц-дивизијата. Кипар вечерва игра против Грција.

Магенис во 93-та минута ја донесе победата, откако Вајт осум минути пред крајот на регуларниот дел израмни во чудесниот пресврт после водството на Косово со гол на Ведад Муричи од 58-та минута од мечот.