
Сити ја стопи Ц. Звезда во второ полувреме, Барса „испали петарда“, ПСЖ сигурен со Дортмунд! (ВИДЕО)
Ц. Звезда беше далеку од сензација, иако по едно полувреме во Манчестер имаше 1-0 против Сити. Тоа беше плод на едно мало невнимание на „граѓаните“, кои напаѓаа супериорно во првиот дел, но без да постигнат гол. Затоа во второто не чекаа ни цели две минути за изедначување, преку Хулијан Алварез, а истиот играч се потпиша и под голот за 2-1, во 60. минута, иако тој оди на душа на голманот на белграѓани, Омри Глазер. До крајот Родри ги постави конечните 3-1, резултат со кој заврши и првиот меч во оваа група Г, но во корист на гостинот Лајпциг, на теренот на Јанг Бојс.
Барселона ја демонстрира својата напаѓачка моќ и славеше со 5-0 против белгискиот првак Антверпен. Три од тие гола паднаа веќе до 23. минута, по еден на Жоао Феликс и на Левандовски и еден автогол на Батај. Во вториот дел Гави ја продолжи средбата, а Феликс со втор гол потвди дека оваа средина му одговара. Во оваа група Порто ги истакна своите амбиции за првите две места славејќи со 3-1 на гости кај Шахтар.
Едно од дерби-соочувањата ова вечер се игра ше во Парис, меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, а „светците“ го скршија бундеслигашот во второто полувреме. Прво Мбапе погоди од пенал, а потоа Хакими го зголеми резултатот.
ГРУПА Е
Фејнорд - Селтик 2-0
Стенгс 45+2' Џаханбахш 73'
Лацио - Атлетико М. 1-1
Бариос 29' | Проведел 95'
ГРУПА Ф
ПСЖ - Борусија Д. 2-0
Мбапе 49', Хакими 58'
Милан - Њукасл 0-0
ГРУПА Г
Манчестер С. - Ц. Звезда 3-1
Алварез 47'60', Родри 73' | Букари 45'
Јанг Бојс - Лајпциг 1-3
Елија 33' | Симакан 3', Шлагер 73', Шешко 90+2'
ГРУПА Х
Барселона - Антверпен 5-0
Феликс 11' 66', Левандовски 19', Батај (а.г.) 22', Гави 54',
Шахтар - Порто 1-3
Келси 13' | Галено 8' 15', Тареми 29'