Чудо над чудата: Ц. Звезда води во домот на европскиот шампион! (ВИДЕО)

Првакот на Србија води со 1-0 по едно полувреме против шампионот на Европа! Самата реченица не е доволно фрапантна и станува уште посензационална за секој што ги гледал првите 45. минута на „Етихад“, во кои белградските црвено-бели беа во тотален „бункер“.

Манчестер сити имаше 22 шута кон голот на Глазер, 71 процент од поседот на топката и неколку зицери, но ништо не помогна да ја начне мрежата на белграѓани. Затоа казната стигна во последните секунди од 45. минута, кога Букари се втрча во контра и го совлада Едерсон.

Голот првично не беше признат, поради наводен офсајд, но прегледот во ВАР-собата го покажа спротивното и Ц. Звезда замина на пауза со предност. Во меѓувреме, Манчестер сити го загуби Бернардо Силва поради повреда, па Пеп Гвардиола ќе има една замена помалку во вториот дел.

Претходно во оваа група Г, Лајпциг го совлада Јанг Бојс во Швајцарија со 3-1. Во истиот термин Милан и Њукасл одиграа 0-0, а на останатите средби од 21 часот, по првото полувреме резултатите се: Манчестер С. – Ц. Звезда  0-1, Барселона – Антверпен 3-0, ПСЖ – Борусија Дортмунд 0-0, Лацио – Атлетико М. 0-1, Шахтар – Порто 1-3, Фејнорд – Селтик 1-0.