Голманот на Ц. Звезда фати „сто“ зицери, па со пацерска грешка прими гол! (ВИДЕО)

Израелскиот голман Омри Глазер беше еден од најдобрите фудбалери на Ц. Звезда на гостувањето кај Манчестер сити, бранејќи од чудесни ситуации и големи зицери на ѕвездите од европскиот шампион, но на крај вечерта на Островот за него доби горчлив вкус.

Причина не е самиот пораз, туку фактот дека тој прими „пацерски“ гол за 2-1 за Сити. Алварез нафри од слободен удар во 60. минута, од косо, со ефе кое врти кон голот. Глазер истрча да боксува, но ја примаши топката, неговата празна тупаница само го пресече воздухот, а топката заврши во мрежата без никој да ја допре.

Глазер имаше 11 интервенции до моментот кога го прими голот, но почетничкиот бокс ќе му остане посилно врежан во сеќавањата. Овој гол падна 13 минути откако Алварез погоди и за 1-1.