Шпанските екипи ќе бранат предност во реваншите од четвртфиналето во ЛШ

Барселона вечерва го пречекува ПСЖ по победата од 3-2 во Париз, додека Атлетико Мадрид гостува кај Борусија Дортмунд (2-1) во реваншите од четвртфиналето во ЛИгата на шампиони (ЛШ).

Каталонскиот гигант ги изненади парижаните во првиот дуел на „Паркот на принцовите“, па сега наоѓа до прво полуфинале во елитното натпреварување за првпат од сезоната 2018/10.

Барселона има позитивни резултати против француските клубови на својот стадион, односно оствари девет победи, две ремија и два порази, но ќе мора да внимава против незгодниот ПСЖ.

Францускиот шампион има лоши спомени од 2017 година кога во Барселона стигна со предност од 4-1, а во реваншот загуби со 1-6 и испадна од ЛШ.

Во вториот четвртфинален меч во Дортмунд ќе играат „милионерите“ и Атлетико, а гостите бранат водство од еден гол (2-1) од првиот натпревар во Мадрид.

„Милионерите“ ќе се обидат да ја продолжат серијата од девет меча во ЛШ без пораз на домашен терен, но нема да им биде лесно против избраниците на тренерот Диего Симеоне.

Натпреварите од елитното натпреварување почнуваат вечерва од 21 часот.