Шкупи се пласираше во следната фаза во Лигата на шампиони

Македонскиот футсал шампион Шкупи успеа да ја мине прелиминарната рунда во Лигата на шампиони и да се пласира во главната ждрепка од 32 најдобри тимови во Европа. 

Чаирчани вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа Блу меџик Даблин од Република Ирска со убедливи 3-0. Сефери погоди од пенал во првото полувреме. Потоа гостите си постигнаа автогол за 2-0, а точка на натпреварот стави Незир во самиот финиш од средбата.

Шкупи својот противник во шеснаестинафиналето во Лигата на шампини ќе го добие на 9 декември за кога е закажана ждрепката.