Сестрата на Роналдо се закани: Сакате да го уништите брат ми, но ќе платите скапо!
Многумина застанаа во одбрана на Портуалецот, а една од нив беше и неговата сестра, Катја Авеиро која се закани преку социјалните мрежи.
„Ова е срам за фудбалот. Правдата наскоро ќе биде задоволена. Тие сакаат да го уништат брат ми, но Бог никогаш не спие. Ќе платите голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат“, напиша Катја.
Да потсетиме, уште не е познато на колку натпревари УЕФА ќе го суспендира Роналдо.