Кадар кој покажува што направи Роналдо за да добие црвен картон (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва во центар на внимание на дуелот помеѓу Јувентус и Валенсија е главниот судија Феликс Брих, кој му покажа директен црвен картон на Кристијано Роналдо.

Брих реши да го исклучи Роналдо во 30. минута од дуелот, откако Португалецот имаше дуел со противнички играч, а потоа реши да го фати за глава противникот и тоа очигледно е причината зошто судијата му даде црвен картон на играчот на Јувентус.