Се раѓа нова ѕвезда: Холанд постигна хет-трик за 45 минути! (ФОТО)

Ерлинг Холанд, кој има 19 години и 58 дена, се запиша денеска во историјата, откако стрелаше три пати во мрежата на Генк за само едно полувреме.

Младиот фудбалер на Салцбург го запиша своето име во историјата во неколку категории, а една од нив е тоа што стана трет најмлад играч, кој постигнал хет-трик, веднаш зад Раул (18 години и 113 дена) и Вејн Руни (18 години и 340 дена).