Сакристан: Вардар не е толку слаб колку што покажува резултатот

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан по триумфот против Вардар нормално е задоволен од убедливата победа. Истакна дека Вардар можеби не е толку слаб колку што кажува резултатот.

„Вардар играше добро, останаа верни на својата игра ја држеа топката, имаат атрактивна играа и можеа да издначат резултатот во првото полувреме. Ние ги почитуваме многу. Ние имавме контрола и доминација во текот на натпреварот, не верувам дека тоа за нив беше проблем. Ние сме горди нашата игра, но мислам дека Вардар не е толку слаб“, истакна Сакристан.