Розенборг држеше прес-конференција за „дури“ - тројца новинари (ВИДЕО)
На средбата со тренерот и со капитенот на норвешкиот шампион беа присутни точно – тројца новинари, што е зачудувачки со оглед на фактот што станува збор за натпревар од европски карактер. Дружбата со тројцата новинари, сепак, траеше 15-тина минути во кои малиот број претставници имаа прашања за присутните од Розенборг, за разлика од светкиот рекорд кој Вардар го постави пред реванш-дуелот со Малме во квалификациите за ЛЕ.
Тогаш, во Струмица, црвено-црните ја одржаа најкусата прес-конференција во историјата која траеше точно – 50 секунди.