Вардар ја одржа најкратката прес-конференција во историјата на Лигата на шампионите
На официјалната прес-конференција пред утрешниот меч во Струмица од 18 часот со шведски Малме, тренерот Гоце Седлоски се обрати до јавноста дека верува во играчите дека ќе дадат сѐ за да се изборат за позитивен резултат кој ќе го одведе црвено-црните во третото квалификациско коло
„После оние 90 минути кои ги одигравме во Малме и тој повелен резултат што го имаме 1-1, утре не очекува еден друг меч, сосема потежок од тој во Малме. Но, јас верувам во моите момци, во играчите, верувам во нив дека ќе дадат се од себе и ќе ни донесат позитивен резлтат кој не носи поонатаму“, рече Гоце Седлоски, тренерот на Вардар.
Вардар од Малме има одлични 1-1 по првиот меч во средата.