Роналдо за скандалот со силување: Вистината секогаш излегува на виделина

Кристијано Роналдо на прес-конференција пред утрешниот дуел помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус во рамки на Лигата на шампиони зборуваше и за скандалот за силување. 

Тој даде кратка изјава за обвинувањето дека ја силувал Кетрин Мајорага и вели дека се чувствува самоуверено дека вистината ќе излезе на виделина.

„Дадовме соопштение пред две недели, секако дека не би лажел за ваква ситуација, јас сум среќен. Моите адвокати се самоуверени, а и јас исто така. Најважно е да уживам во фудбалот и да уживам во мојот живот. Вистината секогаш излегува на виделина“, рече кратко Роналдо.

Целиот притисок од медиумите и јавноста, засега не му пречи во играта, бидејќи Роналдо има солидни настапи за Јувентус сезонава.