Кристијано Роналдо речиси една деценија не игра за Манчестер јунајтед, но и натаму е миленик на навивачите на Премиерлигашот. Тој вчера на „Олд Трафорд“ доби аплаузи, песна и многу љубов од фановите на Јунајтед. 

Уште на стартот натпреварот беше прекинат поради тоа што еден навивач влезе на теренот да го поздрави Роналдо. Иако беше соборен од обезбедувањето, Португалецот му подаде рака да се поздрави.

По натпреварот во теренот втрчаа уште двајца навивачи, а едниот си доби и „селфи“ со Роналдо.