
Роналдо не му се лути на Хојлунд, ама му порача: Утре ќе ме видиш мене како славам
Данците имаат предност од 1-0 од првиот меч кога на домашен терен славеа со голот на Хојлунд. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед притоа прослави во стилот на Кристијано Роналдо, популарното „сиууу“, па тоа беше една од главните теми последните недели. На Данецот му беше забележано дека покажал дисреспект кон Роналдо, но првата ѕвезда на португалската репрезентација не гледа така на работите.
„Прославата на Хојлунд не е проблем, знам дека тој ме почитува. Исто така, свесен сум дека не само тој, туку во спортот воопшто, се повеќе натпреврувачи го користат тој начин на прослава. Утре Хојлунд ќе ме види мене како славам“, изјави Роналдо.
Веројатно негов поголем проблем во моментов е тоа што одигра очаен натпревар во Коленхаген завчера поради што е на удар на португалската јавност која се почесто бара тој да си замине од репрезентацијата затоа што само ја уназадува.