Роналдо: Им благодарам на сите навивачи на Јувентус

Кристијано Роналдо вчера во Торино го „потопи“ Јувентус во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Два гола и асистенција со импресивни ножички предизвикаа аплауз од цел стадион за феноменалниот Португалец.

„Тоа беше неверојатен момент. Морам на вистински начин да се заблагодаран. Благодарам на сите навивачи на Јувентус. Тоа што го направија за мене е неверојатно. Никогаш ми се нема случено такво нешто во кариерата и пресреќен сум“, кажа Роналдо.

Португалецот стана првиот играч во историјата на Лигата на шампиони, кој постигна гол во десет натпревари по ред во натпреварувањето.