Роналдо: Емотивна победа на емотивен натпревар за мене

Кристијано Роналдо синоќа можеби не постигна погодок за Јувентус во победата од 1-0 против Манчестер јунајтед, но одигра тимски како ретко кога во својата кариера. Португалецот доби огромни пофалби низ медиумите за својата игра на „Олд Трафорд“ против поранешниот тим. 

По натпреварот тој се огласи на „Инстаграм“ и уште еднаш покажа колку му значи играњето на „Театарот на соништата“, стадионот кој некогаш го викаше свој дом.  

„Емотивна победа на емотивен натпревар за мене. Одлично беше повторно да се игра на 'Олд Трафорд'. Благодарност до сите навивачи за подршката и приемот“, напиша Роналдо на „Инстаграм“.