Рома во најсилен состав против Барселона, Манчестер оди на сѐ или ништо

Вечерва се играат реванш-натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампиони помеѓу екипите на Рома и Барселона, како и Манчестер сити и Ливерпул.

Рома има негатива од „Камп ноу“ од 1-4, па ќе се обиде на домашен терен во Рим да направи изненадување против големиот фаворит Барселона.

Манчестер сити и Пеп Гвардиола се на големи маки во средбата против Ливерпул, откако на првиот натпревар беа прегазени на „Енфилд“ со 0-3, па сега ќе се обидат да направат сензација против моќниот Ливерпул.