Рома и Бодо го заверија пласманот во следната фаза од Конфеенциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома одиграа најдобро кога беше најпотребно и буквално ја растурија украинската екипа Зорја (4-0), која им беше директен конкурент за пласман во следната фаза од Конференциската лига.

Римјани постигнаа по два гола во обете полувремиња, згора на тоа промашија и пенал, како дополнување на големата доминација. Тие сега се сигурен патник во следната фаза, а дури по одигрувањето на последното коло ќе се знае дали ќе го прескокнат првиот круг од нокаут-рундата.

Рома засега е втора, откако Бодо Глимт исто така победи во вечерашниот дуел против ЦСКА Софија (2-0), па со 11 бодови е првопласиран во групата Ц, односно има еден повеќе во однос на „волчицата“. Во последното коло двата тима гостуваат и тоа Норвежаните кај Зорја, а Италијанците во бугарската престолнина.

Досега квалификувани во вториот круг од Конференциската лига се екипите на Гент, Феенорд, Копенхаген, Рен, Макаби ТА, Ласк, Карабах, Базел, Бодо Глимт, РОма и АЗ Алкмар.