Реал без важен играч во финалето од Лигата на шампионите

Како што беше најавено, францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени дефинитивно ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите што се игра на 1 јуни на Вембли.

Тој се повреди на реванш мечот од полуфиналето, против Баерн, а информацијата дека нема да игра во Лондон ја потврди лично тренерот Карло Анчелоти.

„Нема да биде подготвен за финалето и ќе се фокусира на заздравување за Европското првенство“, рече италијанскиот стручњак.

Реал во финалето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Борусија Дортмунд, но Анчелоти има прилично голем избор во средниот ред.