„Рамос намерно го повреди Салах“

Потегот на Серхио Рамос на полувремето на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул го реши натпреварот во корист на „кралевите“.

Рамос во 26. Минута го повреди Салах, по што Египќанецот мораше предвреме да го напушти теренот и да го остави својот тим на немилост.

Сонародникот на Салах, Мидо, мисли дека Рамос намерно ја повредил ѕвездата на Ливерпул.

„Кој се разбира во фудбал, знае дека Рамос намерно го повреди Салах“, напиша Мидо на Твитер.