Работнички домаќин на првиот меч во Лига Европа на 11 јули на тренинг-центарот на ФФМ
Европската фудбалска унија (УЕФА) објави два од трите термини на македонските европретставници во првото квалификациско коло во Лига Европа, па Работнички својот прв меч од 17.30 часот ќе го играат на тренинг-центарот „Пеар Милошевски“ во комплексот куќа на фудбалот на 11 јули.
Вардар и Шкупи треба да играат ден подоцна, на 12 јули (в четврток), а и двата тима гостуваат, но засега само е потврден терминот за гостувањето на скопските црвено-црни во Ерменија. Мечот ќе се игра од 16 часот по македонско време, додека за дуелот на Шкупи кај шкотскиот великан Глазгов Ренџерс засега нема потврден термин.
Македонскиот првак Шкендија својот прв меч како домаќин со велшки ТНС на 10 јуни ќе го одигра на Националната Арена „Филип Втори“ од 20.15 часот.