Првпат по ерата на Мурињо, Интер врза четири победи во Лигата на шампионите
Освен тоа, ова е првпат по 2010 година, „нераѕурите“ да врзат четири триумфи по ред во Лигата на шампионите. Таа година тренер на Интер беше Жозе Мурињо, а миланскиот тим ја оствари својата трета и досега последна титула во ЛШ.
Интер ја почна сезоната со реми без голови против Манчестер Сити, а потоа ги победи Црвена Звезда со 4-0 и Јанг Бојс, Арсенал и Лајпциг со по 1-0. Со тоа привремено е на првото место на табелата, со меч повеќе од Ливерпул и е единствен без промен гол по пет одиграни кола.