Прва победа за Русија: Миранчук ја реши Финска (ВИДЕО)

Русија ја запиша првата победа на Еуро 2020, за да направи чекор поблизу до осминафиналето откако денеска Миранчук во втората минута од судиското надополнување, го даде единствениот гол за тирумф со 1-0 против дебитантот Финска.

Миранчик ја израдува домашната јавност, па сега Русија и Финска се израмнети со по три бода, откако „зборнаја“ загуби на првиот меч од Белгија, а Финците ја победија Данска во тешкиот меч на кој колабираше данската ѕвезда Кристијан Ериксен, па истиот после подолг прекин се доигруваше.

Сега со по една победа, во многу ќе зависи утрешниот попладневен меч Данска – Белгија, во кој ако победи Белгија, практично ќе обезбеди пласман, а Финците и Русите ќе се борат за второто место, но остануват и во конкуренција за како третопласирани да одат понатаму.