Преседан во Лигата на шампионите: Баерн му забрани на Динамо да тренира на Алијанц арената

Вечерва од 21 часот, Баерн го пречекува Динамо во воведното коло од Лигата на шампионите, а хрватскиот првак вчера доживеа непријатно изненадување.

Домаќинот на мечот забрани да се тренира на Алијанц арената пред вечерашниот меч и покрај тоа што правилата на УЕФА налагаат такво нешто и се задолжителни. Објанувањето од баварскиот гигант беше дека теренот на стадионот е во исклучително тешка состојба и полн со дупки. Таков бил од Европското првенство што се одржа летоска, а не помогнало ни тоа што оттогаш е два пати сменет. Новата трева не можела да легне поради високите температури, додека последните недели имаше силни дождови.

Поради сето ова Динамо вчера тренираше во Загреб, а потоа тргна во Минхен. Играчите можеа само да се прошетаат на теренот и да направат по некоја фотографија за спомен.