
Пред стартот на осминафиналето, суперкомпјутерот го одреди Ливерпул за прв фаворит во ЛШ
Од досега прикажаното, суперкомпјутерот на ОПТА го одреди Ливерпул како прв фаворит за трофејот иако „црвените“ ќе имаат исклучително тешка работа за да стигнат до него. Уште во осминафиналето за ривал го имаат ПСЖ, тим кој се наоѓа во одлична форма и сигурно ќе биде голем залак за најдобриот тим по основниот дел од Лигата на шампионите.
На Ливерпул во моментов му се даваат 19,2% за трофејот, потоа следува Барселона со 14,8%, па Интер со 14%, Арсенал со 11,6% и Реал со 9,8%.