После цели 25 години првпат европскиот првак ја почнува одбраната на пехарот со пораз (ФОТО)

Актуелниот европски шампион Ливерпул ја почна одбраната на шампионската круна со пораз вечерва во Неапол, откако загуби со 0-2 од Наполи во дербито на групата на кое деби имаше и макеоднскиот бисер Елиф Елмас, кој ги одигра последните 15-на минути од мечот.

Наполитанците во завршницата го скршија европскиот шампион со гол на Дрес Мертенс од пенал и на Фернандо Љиоренте во судиското надополнување, па така му го расипаа старатот на сезоната во елитата на Јирген Клоп. Но, тоа што е најинтересно, Ливерпул после цели 25 години станува првиот европски шампион кој во новата сезона тргнува со пораз.

Пред Ливерпул вечерва, последен европски шампион кој започнал сезона со пораз е – Милан. И тоа во 1994 година, после епската победа на „росонерите“ во Атина против Барселона со 4-0 во финалето.