
Пољуд го исвирка Перишиќ, тој им врати со гол и асистенција! (ВИДЕО)
При претставувањето на фудбалерите, играчот на ПСВ беше жестоко исвиркан, веројатно од навивачите на Хајдук кои не можат да му го простат конфликтот со Џенаро Гатусо од почетокот на оваа сезона. Перишиќ потоа спогодбено го напушти клубот, но поради бурата што се крена околу него, тој стана еден од најомразените фудбалери на фановите на сплитскиот клуб.
И покрај лошиот пречек, Перишиќ е најзаслужен што Хрватска има водство од 2-0 по првото полувреме од дуелот со Франција. Му асистираше на Будимир во 26. минута, а во судиското продолжение и самиот ја затресе мрежата на Мењан со фантастичен удар.
Свирежите упатени кон Перишиќ можете да ги погледнете на овој ЛИНК.