Крамариќ промаши пенал, ама Хрватска има два гола предност на полувреме (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска води со 2-0 на полувреме од дуелот со Франција и покрај тоа што домаќините на овој дуел промашија пенал.

По само осум минути игра, Андреј Крамариќ имаше можност да го отвори резултатот од белата точка, но неверојатно ноншалантно го изведе ударот и Мењан му одбрани. Потоа на сцена стапи Иван Перишиќ и со гол и асистенција ѝ овозможи на својата селекција да дојде до предност од два гола.

Во 26. минута фантастично центрираше од левата страна за Будимир да го совлада противничкиот голман, а на истекот од првото полувреме, фудбалерот на ПСВ со прекрасен удар ја удвои предноста на Хрватска.