Пикси леташе во воздух па им порача на играчите: Вие не сте нормални (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Србија синоќа ја победи Норвешка со 2-0 на гостински терен благодарение на головите на Душан Влаховиќ и Александар Митровиќ. 

Со тие три бода, Србите го обезбедија првото место во групата и со тоа се пласираа во А-дивизијата во рамки на Лигата на нации на УЕФА. Во следното издание ќе играат против најсилните европски репрезентации. 

По натпреварот во Осло, фудбалерите го фатија селекторот Драган Стојковиќ - Пикси и го фрлаа во воздух. 

„Вие не сте нормални, жими мајка“, им рече Пикси на своите играчи.  

Откако тој седна на клупата на националниот тим, Србија бележи неверојатни резултати, бидејќи обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар и беше подобра од Португалија во квалификациите. Сега во Б-дивизијата во Лигата на нации го освои првото место и се пласираше во елитата.