Педри стартер за Барселона, Енрике направи три измени кај ПСЖ (ФОТО)

Вечерва се игра реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Барселона и ПСЖ, а пред средбата беа објавени составите со кои ќе настапат екипите.

Чави Ернандез и Луис Енрике направија по неколку измени во екипите, но и покрај тоа ќе излезат со најсилни состави во битката за пласман во полуфинале на ЛШ.