Македонскиот вицепрвак Академија Пандев со втор пораз од полска Лехија Гдањск попладнево со 1-2 го заврши годинешниот евро-настап во Конференциската лига и со вкупни 2-6 испадна од ова воведно коло во третото по ранг натпреварување.

Имаа желба Пандевци да направат сензација и да ги надополнат огромните 1-4 од првиот меч, ама повторно лошата реализација ги спречи да се понадеваат на такво нешто. Пандевци во првите 20 минути промашија четири шанси, два зицери, па потоа дојде казната и откако Мациеј Гајос погоди во 37-та минута заврши практично битката за второто коло.

Димитра Митровски, Илија Донов, Кристијан Велиновски и Осман Маронг имаа шанси, но ги промашија за да поведат и да го направат поинтересен мечот, па откако Гајос ги казни, спласна мечот, а Полјаците имаа комплетна контрола за да го завршат.

Димитар Митровски даде гол во 59-та минута за да израмни, но предалеку беше целта за остварување, а Лехија во завршницата преку Рафал Петржак погоди и вторпат за да донесе втора победа на својот тим и заверка на пласманот во второто коло во кое ги чека виенски Рапид.

За Пандевци ова беше второ учество во Европа после дебито во 2019 година и втопат го завршуваат настапот после првото коло.