Падна рекордот на Касилјас: Нојер испиша историја во ЛШ

Баерн Минхен славеше со 1-0 против Арсенал во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а голманот Мануел Нојер испиша историја.

Нојер ја зачува мрежата по 58. пат во кариерата во елитното натпреварување и така го надмина легендарниот Икер Касилјас (57), додека на третата позиција остана Џанлуиџи Буфон (52).