Надал го заврши настапот во Мадрид, кралот на „земјата“ со овации беше испратен! (ВИДЕО)

Рафаел Надал загуби во осминафиналето загуби од Јири Лехечка и го заврши настапот на мастерсот во Мадрид, а потоа имаше големо испраќање од публиката.

Кралот на земјината подлога, Рафаел Надал за последен пат настапи пред својата публика во Мадрид, на неговиот омилен турнир. 

На теренот даде сѐ од себе, но тоа беше доволно само за осминафиналето. Таму загуби од чешкиот тенисер Лехечка со 7-5 и 6-4.

По мечот имаше спектакуларно испраќање од 13.000 навивачи кои го гледаа мечот.

„Ова е период кој кога ќе дојде е многу тежок, но животот и моето тело веќе долго време ми даваат сигнали. Мојот сон беше да завршам тука, на теренот. Имав среќа во мојот живот, мојата пасија да ја претворам во работа. Јас сум привилгиран“, рече Надал по мечот.