Тухел со прст го покажа виновникот за двата гола на Реал Мадрид!

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел јавно го искритикува Ким Мин-јае за погодоците на Реал Мадрид.

Не вообичаено тренерот директно да ги критикува играчите, но Тухел го направи тоа по ремито со Реал Мадрид од 2-2.

„Тој беше премногу алчен и во двата наврати. Првиот потег против Винисиус при првиот гол го направи прерано и беше затечен од пасот на Тони Крос. Тој шпекулираше и беше преагресивен. За вториот гол, за жал направи нова грешка. Ние бевме 5 на 2, бројките беа на наша страна. Немаше потреба од агресивна одбрана кон Родриго. За жал ваквите грешки екипа со квалитет на Реал Мадрид ги казнува. Но, се случи тоа, одиме понатаму“, рече Тухел.