Модриќ во Минхен срушти рекорд на Реал Мадрид стар дури – 60 години!

Екипата на Реал Мадрид има задоволувачки резултат по првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите (ЛШ), откако синоќа ремизираше на гостувањето кај Баерн Минехн (2-2).

„Кралевите“ овој меч освен по релативно добрата игра и отворената ситуација за пласман во финалето ќе го паметат и по рекорд. Лука Модриќ со својот настап против Баварците со 38 години и 234 дена стана најстариот играч што се појавил во дресот на Реал Мадрид на натпревар од ЛШ односно Купот на шампионите.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на легендарниот Ференц Пушкаш, кој во ноември 1965 година, исто така во ремито 2-2 на гостувањето кај шкотскиот Килмарнок, настапи на возраст од 38 години и 229 дена.