Сите плачеа додека Надал зборуваше во Мадрид: Жал ми е, ама ова е – збогум!

Рафаел Надал одигра релативно добро на мастерсот во Мадрид, но и покрај тоа неговото учество заврши во осминафиналето по синоќешниот пораз во пресметката со Чехот Јиржи Лехечка (5-7, 4-6), со што Надал на тажен начин се прости од мадридската публика, бидејќи ова му беше последен пат да настапува во својата татковина.

Организаторите на крајот му подготвија посебен пехар, а тој одржа говор кој ја расплака публиката на трибините. Сите знаеја дека ова е неговиот „последен танц“ во Мадрид и дека никогаш повеќе нема да го видат како игра тенис.

„Ова беше еден од оние моменти, кога станува збор, многу е тешко... Но, мојот живот и моето тело ги имаме праќа сигнали долго време. Мојот сон беше да завршам овде, на овој терен. Имав среќа во животот да ја претворам страста во работа. Бев привилегиран...“, рече Рафа на збогувањето со Мадрид

Надал потоа истакна дека ќе се обиде да игра во Рим, но дека главна цел од оваа сезона е да се обидеме да настапи на Ролан Гарос, потоа на Олимписките игри на истиот терен во Париз.

„Мојот сон е да ги одиграм сите турнири на кои имав успех, барем уште еднаш. За жал, ми недостигаше Монте Карло, но во Рим освоив, мислам, десет титули. Сакам да играм таму и да играм добро. Продолжувам мојата кариера, имам неколку лични цели за следните неколку недели и сакам да видам дали ќе можам да ги остварам“, објасни Надал, кој дефинитивно ќе се повлече од тенисот на крајот од оваа сезона.