Баерн Минхен за четири минути го сврте мечот, Сане и Кејн донесоа водство за Баварците! (ВИДЕО)

Баерн Минхен фуриозно го почна второто полувреме и брзо го сврте резултатот, сега Реал Мадрид губи со 2-1.

По осум минути игра во вториот дел Лирој Сане изведе една прекрасна соло акција по која упати вистинска бомба и погоди за израмнување на 1-1.

Четири минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Хари Кејн кој погоди од пенал за комплетен пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.