Овен: Не разбирам зошто ПСЖ е фаворит, па тие се полоши од минатата сезона!
Поранешниот англиски напаѓач Мајкл Овен во интервју за англиските медиуми кажа дека ПСЖ воопшто не е фаворит за титулата во ЛШ.
„Ова трио на ПСЖ е послабо отколку во претходните сезони и не разбирам зошто тие се еден од фаворитите за освојување на трофејот. Мислам дека англиските екипи се многу помоќни од францускиот тим“, вели Овен.