
Отворањето на Еуро 2024 во Минхен, финалето во – Берлин!
Еуро 2024 ќе се игра од 14 јуни до 14 јули во 11 градови, а УЕФА на три региони ги подели градовите домаќини и групите за овој континентален собир ќе бидат составени и ќе се играат во регионите за да се избегнат подолгите патувања.
Првиот регион е север-североисток со Берлин, Хамбург и Лајпциг, вториот е западен регион со Дортмунд, Диселдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен и Келн, а третиот јужен со Минхен, Франкфурт и Штутгарт.
Финалето на Еуро 2024 ќе се игра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.