„Операција Драган“: Човек од УЕФА јавил дека мечот ПСЖ – Ц. Звезда ќе се мести!?

Откако најугледниот француски весник „Л'Екип“ пред повеќе од два месеци објави дека имало обид да се намести мечот ПСЖ – Црвена Звезда, за кој е отворена истрага во Франција, „Ле Понт“ денеска ги објави деталите и од каде потекнува човекот кој го пријавил случајот.

Според „Ле Понт“, доушникот за обидот за местенка доаѓа од европската централа УЕФА и станува збор за кредибилен човек, кој во минатото исто така имал информации за финансиски малверзации и лажирања, кои се потврдиле како точни. Истрагата се води под кодно име „операција Драган“, а истата е отворена во француското обвинителство и во УЕФА.

Според медиумит, два члена на ПСЖ веќе сведочеле и соработувале со полицијата, но неодамна „Ле Монд“ објави дека УЕФА ја затвора истрагата зашто не нашла конкретни докази дека мечот е наместен и дека некој профитирал. Сепак, тоа што е најинтересно е фактот дека мистериозниот човек кој го пријавил за сомнителен случајот доаѓа од Нион.

„Л'Екип“ го објави скандалот дека висок челник на Црвена Звезда се обидел да уплати пет милиони евра на облог дека белграѓани ќе загубат со пет разлика, а црвено-белите доживеаа убедлив пораз со 1-6 на „Паркот на принцовите“. Белградскиот великан, бивш европски првак о 1991 година, жестоко реагираше и веќе ангажираше адвокати за да ја бранат во случаајот.

„Ле Понт“ објавува дека ден пред мечот, доушникот ги информирал сите надлежни институции, француската полиција, обвинителството и УЕФА, дека се очекува конечниот резултат да биде најмалку четири гола разлика за ПСЖ, дека ќе има најмалку пет гола на мечот, а и дека ќе има обид да се уплати на победа на францускиот гигант од пет голови разлика.

Јавено е и дека Насер Ал Келаифи, катарскиот газда на ПСЖ требало да има состанок во хотелот „Пенисула“ со челникот на Ц. Звезда, па таму инфилтрирани агенти на француската полиција биле присутни, но никој не се појавил. Полицијата, пак, ангажирала експерт, кој работел на анализа за наместениот меч на Ним и Кан во 2014 година и наводно открил дека фудбалери на Ц. Звезда имале сомнителни акции, а доушникот јавил дека најмалку седдуммина од тимот на црвено-белите требало да бидат вплеткани во целиот случај.

На сослушување во полиција по мечот како сведоци биле Жан Клод Блан, извршниот потпретседател на клубот и Антеро Енрике, спортскиот доректор. Двајцата биле на сослушување во октомври годинава, па „Ле Понт“ посочува дека тие соработувале, но било констатирано дека никој не го контактирал ПСЖ за да се лажира средбата.

На крајот се заклучува дека истрагата и понатаму е во тек, како и дека голема сума на пари требало да биде дадена на главно осомничениот во целиот случај по мечот во хотелот, каде биле сместени играчите на Ц. Звезда. Но, главниот доказ во истрагата, а тоа се парите, ги неммало.

Засега француското обвинителство и понатаму ја истражува „операцијата Драган“.