Официјално: Интер и Лудогорец ќе играат пред празни трибини

Реванш натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец во рамки на првото елиминациско коло во Лигата на Европа во четврток ќе се игра без присуство на публика, објави УЕФА.

Европската куќа на фудбалот ја донесе оваа одлука коронавирусот кој се прошири во Северна Италија, поточно во регионот Ломбардија. Натпреварот на Интер што требаше да се игра синоќа во Серија А беше одложен, а италијанската лига донесе одлука и други натпревари да се играат пред празни трибини, како и дербито помеѓу Јувентус и Интер следниот викенд.

Натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец е на програмата во четврток од 21 часот на „Џузепе Меаца“, а италијанскиот тим има предност од 2-0 од првиот дуел во Бугарија.