Ножичките на неверојатниот Роналдо биле на висина од 2,38 метри

Од последните 10 удари на Кристијано Роналдо во рамките на голот на Јувентус, дури девет завршија во мрежата, а „Марка“ пресмета дека ножичките биле на висина од 2,38 метри.

Роналдо постигна еден од најубавите голови во кариерата, а за своите „волшебни“ ножички доби аплауз од целиот стадион.

Комбинацијата од сила, техника и храброст го оставија Буфон „замрзнат“ на гол-линијата, а според шпанскиот медиум, Роналдо во скокот со земјата бил на висина од 1,41 метар, а неговиот удар со десната нога бил на неверојатни 2,38 метри. Скоро колку висината на пречката на голот.