Нова драма на ЕП: Фернандеш имаше ужасен пад, веднаш го испратија во болница! (ВИДЕО)

Уште една драма го одбележа Европското првенство (ЕП), откако пред неколку дена Кристијан Ериксен загуби свест сред натпреварот меѓу Данска и Финска, а сега рускиот репрезентативец Марио Фернандеш имаше ужасен пад на грб.

Фернандеш по еден воздушен дуел загуби рамнотежа и падна директно на грб, по што веднаш мораа да интервенираат докторите, кои го изнесоа на носилки од теренот.