Навивачите на „Олимпико“ му се поклонија на Салах (ВИДЕО)

Мохамед Салах си го обезбеди своето место во историјата на Ливерпул, откако „црвените“ се пласираа во финалето на Лигата на шампиони.

Египќанецот по вчерашниот дуел тргна во соблекувалната, но кога ги слушна навивачите како го извикуваат неговото име, одлучи да се врати на теренот и да го прослави триумфот со нив.

„Италијанскиот фудбал ме промени, сакам да им се заблагодарам на играчите на Рома и мојот поранешне тренер Спалети. Им благодарам за сè што направија за мене“, кажа Салах.