Навивачите на Фенер на Украинците им скандираа – Путин, Путин (ВИДЕО)

Фенербахче испадна од ЛШ после поразот по продолженија од украински Динамо Киев со 1-2, но мечот го одбележаа навивачите на турскиот гигант кои на Украинците им го скандираа најомразеното име во моментов – рускиот претседател Владимир Путин.

Русија уште од 24 февруари врши жестока агресија врз Украина, па првиот човек на најголемата земја на светот е најомразената личност моментно во Украина и во западниот свет. Но, Турците за да ги изнервираат Украинците решија да го скандираат името на рускиот претседател и тоа веднаш откако Динамо Киев го даде првиот гол за водство.