Натпреварите во ЛШ од идната сезона ќе се играат три дена во неделата!

Лигата на шампиони (ЛШ) од следната сезона ќе биде во нов формат, а тоа ќе донесе промена и во термините за одигрување на натпреварите.

На турнирот ќе настапат 36 екипи, кои ќе одиграат по осум натпревари и ќе собираат бодови за пласман во следната фаза на елитното европско натпреварување.

Поради зголемениот број на натпревари, УЕФА реши натпреварите да се играат три дена во неделата, односно во вторник, среда и четврток.

Засега нема официјална понуда од Европската куќа на фудбалот, но се очекува наскоро да биде потврдена оваа шпекулација.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BenchWarmers (@bewarmers)