Најдобрата македонска судијка ќе дели правда во квалификации
Пројковска од летово е судија од А-категорија на УЕФА, па нашата најдобра судијка сега добива шанса да суди врвни мечеви, меѓу нив и квалификациски и само уште Александар Ставрев има ваква А-категорија на судија. Ставрев денеска ќе го суди мечот во Будимпешта во рамките од Лига Европа помеѓу Ференцварош и ЦСКА Москва, што е негов втор во групната фаза во оваа сезона.
На Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска, Вјолица Изери и Ирена Велевачковска. Мечот Белгија – Литванија е на програмата за пет дена на 12 ноември.