Од Охрид испратена силна порака: Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Од градот под заштита на УНЕСКО беше испратена и еколошка порака преку „Zero Waste“ концептот: „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“.
Станува збор за уникатен проект кој е резултат на долгогодишната соработка меѓу Плазма Спортските игри за млади и компанијата Coca-Cola, а чија цел е преку спорт и игра да се поттикне едукација кај младите и развивање на корисни навики во секојдневниот живот.
Во рамки на настанот, едукативниот квиз ги мотивираше децата да размислуваат логички и да нудат решенија за предизвиците поврзани со одржливиот развој, додека спортските активности беа насочени кон практично учење за правилна селекција на отпад на полигонот на СИМ.

Со оваа кампања, Coca-Cola има за цел да придонесе кон подобрување на состојбите во животната средина и да понуди конкретни решенија за предизвиците поврзани со амбалажата, во рамки на повеќегодишниот проект „Свет без отпад“.
По интерактивната едукација, децата и младите учесници се натпреваруваа на едукативен полигон, а за најуспешните беа обезбедени и награди.
Победници во третото издание на „Zero Waste“ се „Прличевци“, кои успешно ги совладаа предизвиците на полигонот, каде поддршка имаа и од маскотата Виктор.

„Симовци“ пак се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои Coca-Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3x3, одбојка и народна игра, покажувајќи спортски дух и разновидни вештини.
Организаторите истакнуваат дека атмосферата била исполнета со фер-плеј, дружење и создавање нови пријателства, кои го ставиле натпреварувачкиот резултат во втор план.








